Флекс Систем за Оплатирање на Столбови
Флекс системите за оплатирање МЗТ Инженеринг ДОО Битола ги произведува со примена на технологијата на метал штанцање, пробивање и втиснување и виткање и заварување.

Стандардизирани составни елементи:

- Аголници,

- Оплати,

- Клинови

- Косници

Сите овие елементи се произведуваат со постапка на метал штанцање, пробивање и втиснување и виткање и заварување.

Тргнувајќи од потребата за поефикасно градење, што пред нас ја налага современото градежништво, особено во делот на оплатирањето, МЗТ Инженеринг доо Битола во склоп на палетата свои производи го разви системот за брзо оплатирање на столбови ФЛЕКС 50, 60 и 70.

Предности на Системот

- Флексибилност и универзалност
Со помош на метални спојниелементи – аголници за столбови,едноставно и брзо можат да се изведат оплати за правоаголен или квадратен облик на столб, со димензии на столбви:

ФЛЕКС 50: од 20x20 до 50x50 см. со чекор од по 5 см.

ФЛЕКС 60: од 20x20 до 60x60 см. со чекор од по 5 см.

ФЛЕКС 70: од 20x20 до 70x70 см. со чекор од по 5 см.

Сите столбови се стандардизирани и можат да се употребат на разалични места, без строго дефинирана шема.
-Едноставност и брзина на градба
Системот овозможува иклучително брзо оплатирање на столбови. На пример, два квалификувани мајстора можат да оплатираат еден столб за просечно 15 min.
- Однос трајност / цена
Целиот систем во зависност од одржувањето. може да се употреби во голем број на циклуси на бетонирање. Со тоа практично се постигнува најниска цена на оплата по циклус.
Видео
The mission of MZT Enginering- Bitola is to continue and strengthen the cooperation with the main world manufacturers of industrial equipment.
Design by X3M Labs