Транспортни Ролни
Составни елемeнти за транспортна ролна:- куќишта за лежишта (главини) - Овие елементи се произведуваат од лим со d = 2 ÷ 10mm, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање во толеранција ± 0,02mm и тоа за различни видови на лежишта (лагери) и за цевки со различни дијаметри;
- капачиња - Овие елементи се произведуваат од лим со d = 1mm по пат на длабоко извлекување и метал штанцање и тоа за различни видови ролни;
- подлошки - Овие елементи се произведуваат од лим со d = 0,5 ÷ 1mm, со метал штанцање на лим со различни надворешни и внатрешни дијаметри;
- oсовини - Овие елементи се добиваат со машинска обработка на шипкаст материјал со полн пресек со разни димензии и форми во зависност од типот на транспортната ролна.
Разновидност
МЗТ Инженеринг - Битола е производител на повеќе од 30 различни елементи за транспортни ролни, но треба да се напомене дека можностите на нашата фирма се далеку поголеми и без проблем можат да се усвојат и елементи со други димензии и форми по желба на инвеститорот.
Квалитет
Сите овие производи се со гарантиран квалитет, што повеќекратно се докажало во екплоатација во изминатите 20 години, за којшто период МЗТ Инженеринг - Битола има произведено повеќе од 10.000.000 елементи за транспортни ролни.
*Забелешка: овде треба да има табела со димензии на главини и капачиња како на каталогот
*Забелешка: овде треба да има табела со димензии на главини и капачиња како на каталогот
Видео
The mission of MZT Enginering- Bitola is to continue and strengthen the cooperation with the main world manufacturers of industrial equipment.




